Јувентус ја одбил понудата на Реал Мадрид за Миралем Пјаниќ, објавија денес италијанските медиуми.
Реал понудил 60 милиони евра за репрезентативецот на Босна и Херцеговина, меѓутоа Јувентус не би го продал фудбалерот за помалку од 100 милиони евра.
Изминатите недели медиумите шпекулираа дека за Пјаниќ биле заинтересирани Барселона, Челси и Манчестер сити.
Наводно, Јувентус подготвува нов договор за Пјаниќ и зголемување на платата. Репрезентативецот на БиХ ќе добие договор до 2023 година и плата од 6,5 милиони евра по сезона.