Бразилскиот фудбалер Алекс Сандро, веројатно ја игра својата последна сезона во дресот на Јувентус. Финансиските барања на фудбалерот биле непремостива пречка, поради што клубот ги прекинал преговорите околу новиот договор.
Алекс Сандро има договор до Јувентус до 2020 година, но како сега стојат работите Јувентус ќе го продаде по завршувањето на сезоната за да може да заработи нешто од неговиот трансфер.
Сумата што ја побарал Бразилецот за да потпише нов договор ги шокирала сите во Јувентус. Алекс Сандро побарал да биде вториот најплатен играч во тимот, зад Кристијано Роналдо, кој годишно заработува околу 30 милиони евра.
Левиот бек, според актуелниот договор, има плата од 2,8 милиони евра, за за да потпише нов побарал близу осум милиони евра годишно.
Челниците на Јувентус не можеле да поверуваат дека тој бара да заработува повеќе од Паоло Дибала и Миралем Пјаниќ (двајцата имаат годишно по 6,5 милиони евра).
Овие пари Алекс Сандро може да ги добие во Англија. Минатото лето за неговите услуги сериозно беа заинтересирани Челси и Манчестер сити, а според најновите информации во трката за неговиот потпис се вклучил и Манчестер Јунајтед, што само ги подгреа шпекулациите дека Бразилецо ја игра последната сезона во дресот на Јувентус.