Top Sport

Валверде: Ова е апсурдно, секоја чест за Модриќ, ама Меси да биде петти…

Изборот на Лука Модриќ за најдобар играч во светот, за 2018 година е топ тема во фудбалската јавност, веројатно никој не очекуваше дека неговиот избор ќе предизвика толку (негативни) реакции.

Голем е бројот на оние што сметаат дека Хрватото не ја заслужил „Златната топка“, но тој сепак успеа да победи во изборот на Франс фудбал пред Кристијано Роналдо и Антоан Гризман.

Изборот го коментирал и тренерот на Барселона, Ернесто Валверде. Него не му е јасно како Лионел Меси завршил на петтото место..

„Нема да влегувам во релевантноста на ваквите избори, секој има право да гласа на начин на кој смета дека тоа е правилно. Но за мене вистински апсурд е Меси во еден ваков избор, а се избираат најдобрите во светот, да биде на петтото место. Секоја чест за Лука Модриќ, тој е одличен фудбалер“, рекол Валверде.

Петтото место е најлошиот пласман за Меси во последните десет години.

Scroll to Top