Top Sport

Јувентус ги сакаат и Влаховиќ и Икарди

По заминувањето на Кристијано Роналдо, Јувентус планираат да направат ударно трио на Пауло Дибала, Душан Влаховиќ и Мауро Икарди веќе следната сезона, тврди „Калчомеркато“.

За српскиот напаѓач на Фиоретина, Влаховиќ се заинтересирани повеќе клубови од Италија и Англија и клубот од Фиренца сигурно нема да го пушти да замине евтино. Од друга страна, интересот за Икарди постои од времето кога тој беше капитен на Интер.

Од друга страна, Дибала речиси сигурно ќе потпише нов договор со „бјаконерите“.

Scroll to Top