Top Sport

Тухел и купил вила на куќната помошничка

Менаџерот на Челси, Томас Тухел бил толку импресиониран од „работната етика“ на неговата куќна помошничка додека беше тренер на Пари Сен-Жермен, што и купил куќа на Филипините и финансиски помогнал нејзиниот син да оди на операција на срцето.

Тухел помина две сезони во Париз по трансферот од Борусија Дортмунд и живееше во Отс-де-Сеин квартот во француската престолнина, и според „Канал спорт“, кога дознал дека неговата куќна помошничка работи прекувремено да ја плати операцијата на срцето на својот син, тој самиот ја платил процедурата.

Покрај ова, откако таа во разговор му признала дека главната цел и е да купи куќа на Филипините, каде што би се пензионирала со своето семејство, по што Германецот и го исполнил сонот.

Scroll to Top