Челниците на Јувентус во понеделник ќе се сретнат со менаџерот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба на почетокот на преговорите за негово евентуално враќање во Торино.
Договорот на 29-годишниот фудбалер со Манчестер Јунајтед истекува следниот месец и тој дотогаш не може официјално да преговара со ниту еден англиски клуб, поради што се поверојатно дека ќе ја напушти Премиерлигата.
Јувентус го направи првиот чекор со тоа што го повика неговиот менаџер Рафаел Пимента на разговори во Торино, пишува „Скај спорт“.
Пимента, бразилски адвокат, моментално се грижи за интересите на Погба, откако неговиот поранешен агент Мино Рајола почина во април.
Реал Мадрид и Пари Сен Жермен се уште се заинтересирани за ангажман на Погба, но не е исклучено евентуално останување во Премиер лигата.
Според „Скај спорт“, Јувентус не можат да му понудат на Погба подобар договор од конкуренцијата, но во клубот веруваат дека тој ќе донесе фудбалска одлука и дека ќе го избре нивниот проект.
Доколку дојде до овој трансфер, тоа ќе биде вторпат Јувентус да го носи Погба како слободен играч од Јунајтед.
Италијанскиот клуб, во 2012 година, потпиша договор со тогаш 19-годишниот Погба, а четири години подоцна го продаде во Јунајтед 94.500.000 милиони фунти.
Оваа сезона Погба се мачеше со повредите и лошата форма и постигна само еден гол и запиша девет асистенции во дресот на клубот од „Олд Трафорд“.