Top Sport

Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.

Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.

Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.

Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил

За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.

Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.

Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.

На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.

Фото/ Принтскрин

Scroll to Top