Top Sport

Јувентус го испрати Ругани во Рома

Рома и Јувентус направија уште една размена на фудбалери, со која Римјаните ја комплетираа дефанзивната линија за наредната сезона. Вчера Рома со Арсенал и Челси ги договори едно годишните позајмици на Шкодран Мустафи и Давиде Запакоста, а денес од Јувентус го доби Даниеле Ругани.

Повремениот италијански репрезентативец Ругани не се вклопува во системот на Маурицио Сари поради што реши да замине од клубот. Рома ќе плати пет милиони евра за оваа сезона, а по завршувањето на истата ќе може да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Во Јувентус од Рома ќе замине младинскиот репрезентативец на Италија, Алесио Рикардо, кој ќе настапува за младиот тим на „старата дама“. Овој тим на Јувентус се натпреварува во третата италијанска лига.

На почетокот на летото Рома во Јувентус го испрати Лука Пелегрини, а на „Олимпико“ пристигна левиот бек Леонардо Спинацола.

Scroll to Top