Top Sport

Чилеанецот го „ограбил“ Манчестер Јунајтед

Алексис Санчез дојде во јануари 2018 година во Манчестер Јунајтед како големо засилување, а сега се подготвува да го напушти клубот со епитет на најлошата инвестиција што ја направиле во слвниот клуб.

Чилеанецот за Манчестер Јунајтед офиграл 45 натпревари и постигнал само пет гола. Меѓутоа головите скапо ги наплатил. Санчез во Манчестер Јунајтед заработил 41 милиони фунти, односно секој неговов гол бил наплатен со неверјатни 8,2 милиони фунти.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение чекаа да му го видат грбот, а негово следна дестинација ќе биде Интер.

Scroll to Top