Top Sport

Јувентус го напуштаат проектот на Суперлигата?

Шпанските медиуми тврдат дека Јувентс ги информирал Реал Мадрид и Барселона дека го напуштаат проектот на Европската Суперлига, ставајќи крај на еден од главните проекти на поранешниот претседател Андреа Ањели, и обидувајќи се да се „помири“ со УЕФА за да избегне и европска суспензија.

Според „Релево“, двата шпански клубови добиле официјално соопштение од Јувентус, со што само Реал Мадрид и Барселона остануваат во проектот кој првично беше објавен од 12-те најмоќни европски клубови во април 2021 и кој требаше да заврши со формирање на елитна лига паралелна на Лигата на шампиони.

Ањели и целиот борд на директори си поднесоа оставка пред шест месеци по истрагата „Призма“ за вештачко зголемување на вредностите на трансферите за да се прикаже вештачко зголемување на капиталот на клубот. Џон Елкан, братучедот на Ањели и шеф на матичната компанија „Ексор“ го презеде водењето на клубот и очигледно се обидува да ги „поправи“ грешните потези на Ањели.

Scroll to Top