Top Sport

Антони обвинет за насилство од поранешната девојка

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Антони е под истрага за домашно насилство, закани и телесни повреди од негеовата поранешна девојка во Бразил.

Габриела Каваљин, која беше во врска со 23-годишниот Антони во 2022 година, го пријавила фудбалерот на полицијата во Сао Пауло, а според весникот „Глобо еспорте“, нападот се случил на 20 мај, истиот ден кога Бразилецот играше за Манчестер јунајтед на меч од Премиерлигата со Борнмут.

Каваљин, која тврди дека имала спонтан абортус минатата година додека била во врска со Антони, наводно има докази со фотографии од модринките и заканувачки пораки од фудбалерот.

Scroll to Top