Јувентус ќе го одложат патувањето за Милано за големото италијанско дерби до утре наутро по новите тестирања за КОВИД-19 по позитивните тестови на Алекс Сандро и Хуан Квадрадо.
Алекс Сандро беше позитивен во понеделникот, а денеска се потврди дека и Квадрадо има позитивен тест и сега постои загриженост дека вирусот се раширил низ тимот, откако и Пауло Дибала имал повишена температура во понеделникот. Дибала неколку недели беше заболен од КОВИД-19 и призна дека уште не е 100 отсто подготвен.
Според „Скај спорт Италија“, Јувентус ќе почекаат во Торино додека не се добијат резултатите од последната рунда тестови во среда наутро. Бидејќи од Торино до Милано има само 180 километри, тие ќе имаат време да пристигнат на „Сан Сиро“ до мечот кој стартува во 20.45 часот.