Top Sport

Јувентус го понудиле Пјаниќ за Маркињос

„Газета дело Спорт“ тврди дека Јувентус и ПСЖ подготвуваат интересна размена на фудбалери. Според истиот извор, Миралем Пјаниќ би се преселил во ПСЖ, а нов играч на Јувентус би станал Маркињос.

Наводно, Маркињос позитивно одговорил на најавениот трансфер. Пред неколку сезони Бразилецот настапуваше во Рома.

ПСЖ неколку сезони покажува интерес за Пјаниќ. Според „Газета дело Спорт“, Јувентус за репрезентативецот на Босна и Херцеговина покрај Маркињос барале и 20 милиони евра.

Scroll to Top