Јувентус сметаат на своите одлични односи со францускиот Рен во трката за потписот на нивниот млад фудбалер од средниот ред, Едуардо Камавинга, тврди „Тутоспорт“.
17-годишниот Камавинга е еден од најголемите таленти во францускиот фудбал, а завчера доби шанса во своето деби за француската репрезентација да постигне спектакуларен гол, како најмлад стрелец за „петлите“ по 106 години.
Јувентус неодамна го позајмија Даниеле Ругани на Рен, кои оваа сезона ќе играат и во Лигата на шампионите засилени од газдата, францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино. За Камавинга претходно беа заинтересирани и Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид.
Тинејџерот Камавинга со маестрален гол на дебито за Франција