Top Sport

Евролига: Олимпијакос убедливо го доби грчкото дерби

Олимпијакос водеше од стартот до крајот на мечот и успеа да спречи камбек на вечните ривали Панатинаикос за гостинска 78:71 победа во Евролигата, нивна прва оваа сезона.

Јоргос Принтезис имаше 17 поени со 6-од-7 од поле во 20 миниути игра, додека Шек Меккисик имаше 10 поени за Олимпијакос, а Октавиус Елис имаше 13 скока и 5 поени. За ПАО, Маркус Фостер имаше 15 поени, а Јоанис Папапетру 14 поени, а тимот губеше со 18:33 во средината на втората четвртина, пред да се врати за 58:62 на 8:26 пред крајот.

Баерн Минхен пак, со фантастична втора четвртина стигна до 90:72 победа над Алба Берлин во германското дерби. Домаќините имаа 27:21 водство по првата четвртина, но во следните 10 минути, Баерн направи 31:9, предност која ја оддржа до крајот на мечот.

Владимир Луциќ и Вејд Болдвин имаа по 14 поени за победниците, додека Маркус Ериксон со 15 и Џејсон Гренџер со 10 беа најдобри за Алба.

ЕВРОЛИГА, 2.КОЛО

Алба Берлин – Баерн Минхен 72:90 (27:21, 9:31, 18:19, 18:19)

Панатинаикос – Олимпијакос 71:78 (12:22, 23:22, 22:18, 14:16)

Милано – Асвел Лион 87:73 (20:17, 25:23, 16:14, 26:19)

Scroll to Top