Top Sport

Јувентус го враќа синот на Турам во градот каде што израсна

Јувентус се заинтересирани за 22-годишниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, синот на нивниот поранешен дефанзивец Лилијан Турам, тврди францускиот „Ле 10 спорт“.

Ова би било враќање за младиот Турам во Торино, бидејќи тој практично порасна во Пиемонт кога неговиот татко играше за Јуве од 2001 до 2006 година. Маркус е роден во август 1997 година, една година откако неговиот татко се приклучи на Парма.

Турам Јуниор има постигнато 14 гола и 9 асистенции во 37 меча за Менхенгладбах, каде што пристигна од Генгам минатото лето за 9 милиони евра. Сега, Јувентус би требало да платат над 25 милиони евра за него.

Scroll to Top