Top Sport

Лацио ќе преговара за Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на попуст

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, признава дека римскиот клуб ќе ги слушне сите понуди за српскиот фудбалер од средниот ред, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но нема да го даде на „попуст“ поради кризата предизвикана од корона вирусот.

Популарниот СМС претходно беше поврзуван со трансфери во Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен, но и во италијанските ривали Интер и Јувентус. Лацио претходно објави дека очекува барем 100 милиони евра за него и Таре не очекува пад на цената за „првокласните“ фудбалери како 25-годишниот Србин.

„Едно е сигурно, сега не мораме да продаваме. Многу работи ќе се сменат на пазарот на фудбалери поради пандемијата која трансформираше многу работи и мораме да бидеме креативни, заддржувајќи ја нашата визија за иднината. Мислам дека за првокласните фудбалери нема да има пад на цените. За тие од средината и од дното ќе има надолен тренд. За Милинковиќ-Савиќ, неговата врска со градот и со Лацио никогаш нема да се уништи. Ако тој сака, тогаш ќе ја процениме одлуката без притисок и за доброто на двете страни.  Ако има можност која го задоволува клубот и фудбалерот, ќе направиме проценка. Ако не, ние сме среќни тој да остане со нас“, вели Таре.

Scroll to Top