Top Sport

Јувентус и Наполи ќе играат на 17.март

Јувентус ќе го пречека Наполи на 17.март, истиот ден ќе се игра и натпреварот помеѓу Торино и Сасуоло.

Наполи, поради коронавирусот, на 4.октомври минатата година, не се појавија на теренот на Јувентус. Неодиграниот натпревар „крена прашина“, во Серија А, која најпрвин им додели службена победа на Јувебтус, а откако наполитанците се жале ја поништи одлуката.

Наполи, синоќа испаднаа од Лига Европа, што значи дека на 17.март ќе можат да играат против Јувентус.

За 20 дена ќе се одигра и дуелот кој на програмата требаше да биде вечерва, помеѓу Торино и Сасуоло. Серија А го одложи натпреварот бидејќи деветмина во Торино се заразени со коронавирусот.

Scroll to Top