Top Sport

Тренер обвинет за сексуално злоставување извршил самоубиство

Џон Гедерт, тренерот на репрезентацијата на САД во гимнакстика, која во 2012 година на Олимписките игри го освои златниот медал, извршил самоубиство, откако бил обвинет дека сексуално ги злоставувал гимнастичарките,

Телото на тренерот било пронајдено на паркинг во Лансинг, во сојузната држава Мичиген.

Против Гедерт (63), била покрената тужба од 20 гимнастичарки, поради физичко, вербално и сексуално злоставување во периодот од 2008 до 2018 година. Тренерот ги злоставувал девојките во својот клуб „Твистар“.

Гедерт, денес, требало да се појави пред судот во Лансинг.

Scroll to Top