Top Sport

Јувентус или Тотенхем, на потег е Влаховиќ

Душан Влаховиќ ја напушта Фиорентина, не е познато само дали тоа ќе биде во јануари или по завршувањето на сезоната. Во меѓувреме, Србинот немилосрдно ги тресе противничките мрежи.

Хет-трикот против Специја му донесе место во историјата на италијанскиот фудбал. Влаховиќ е фудбалерот со најмногу постигнати голови во една календарска година, откако за победа се доделуваат три бода.

Од почетокот на годината тој има постигнато 25 гола, зад себе ги остави Лука Тони (24) и Габриел Батистута (23).

Фиорентина мора да го продаде напаѓачот, бидејќи тој одби да го продолжи договорот. „Виолетовите“ му понудија 40 милиони евра бруто плата за пет години. Тоа е значително зголемување, Влаховиќ според актуелниот договор годишно заработува 800.000 евра.

Одбивањето да го продолжи договорот го ставија Влаховиќ на „црната листа“ кај претседателот Роко Комисо и навивачите на Фиорентина.

Тој сака да оди во поголем клуб и сака за пет години нето плата од 40 милиони евра.

Наводно, Јувентус, биле подготвени да ги исполнат неговите барања и да го реализираат трансферот во зимскиот преоден рок.

Во трката се вклучил и Тотенхем. „Газета дело Спорт“тврди дека минатата недела претставници на Тотенхем биле во Фиренца каде ги започнале преговорите. Според овој извор понудата на Тотенхем изнесува помеѓу 60 и 70 милиони евра.

Можно е адут во рацете на Тотенхем, во битката со Јувентус, да биде Антонио Конте, кој наскоро би требало да биде промовиран во нов менаџер на клубот од Лондон.

Scroll to Top