Јувентус ќе се обиде да заврши два трансфери во летниот преоден рок. За двата клубот би потрошил само околу 18.000.000 евра.
Јувентус ќе се обиде да го убеди Пол Погба да се врати во Торино. Погба пред пет години замина од Јувентус во Манчестер јунајтед. Не го оправда 100.000.000 вредниот трансфер на „Олд Трафорд“.
„Калчомеркато“, тврди дека Јувентус покажале поголем интерес од ПСЖ за Погба.
„Старата дама“, сака да го откупи Алваро Мората од Атлетико Мадрид. Од минатиот месец, челниците на клубот се обидуваат да ја намалат сумата што ја бараат „јорганџиите“. Атлетико бара 35.000.000 евра за Мората.
Шпанецот втора сезона е позајмен во Јувентус. Клубот за него досега издвои 20.000.000 евра.
Адутот на Јуве дека ќе ја намали сумата што ја бара клубот од Мадрид е желбата на Мората да остане во Торино и фактот дека тој за неколку месеци ќе влезе во последната година од договорот.
Наводно, Јувентус понудила 15.000.000 евра фиксно и 3.000.000 преку разни бонуси. Многу е веројатно дека Атлетико ќе ја прифати оваа понуда.