Top Sport

Јувентус има загуба од 71.4 милиони евра, но заштедија 90 милиони евра за плати

Јувентус ги објавија финансиските детали за годината 2020, која ќе ја завршат со загуба од 71.4 милиони евра, иако заштедиле 90 милиони евра со намалување на платите за време на пандемијата на корона вирусот.

Како и сите големи клубови чии приходи зависат од продажбата на билети, Јувентус се најде во неизвесна економска ситуација поради празните трибини. Според нивните податоци, загубата за 2020 ќе биде 71.4 милиони евра во споредба со 2019, кога имаа загуба од 39.9 милиони евра.

„Загубата доаѓа од помалите оперативни приходи од 62.8 милиони евра, повисоки трошоци од регистрацијата на играчи (15.6 милиони евра). Овие негативни промени делумно се балансираа со намалување на платите на играчите и на вработените“, се вели во соопштението на Јувентус.

Scroll to Top