Top Sport

Јувентус испратил предлог до УЕФА да го исфрли од Конференциската лига

Минатата сезона Јувентус заврши само на седмото место во Серија А откако му беа одземени десет бода поради финансиски измами. Да не беше таа казна, Јувентус од третото место ќе се пласираше во Лигата на шампионите, а вака ќе оди само во плеј-офот за Конференциската лига.

Сепак, прашање е дали Јувентус ќе се натпреварува таму. УЕФА во моментов размислува за казна за Јувентус поради претходно прекршување на финансискиот фер-плеј, а клубот од Торино предложи казната да биде исфрлање од Конференциската лига, тврди италијански „Тутоспорт“.

Челниците на Јувентус на тој начин некако сакаат да се договорат со УЕФА за да избегнат понатамошни и построги казни. Клубот нема ништо против да се откаже од учеството во третото по ранг европско натпреварување. Јувентус би се повлекол и од проектот Суперлига за ублажување на односите со УЕФА.

Доколку ова сценарио се оствари и Јувентус не игра во Конференциската лига, би бил заменет со Фиорентина, која заврши на осмото место во Серија А. Клубот од Фиренца беше поразен од Вест Хем во финалето на последното издание на Конференциска лига на УЕФА.

Scroll to Top