Фудбалскиот клуб Јувентус, во финишот на преодниот рок, подготвува уште еден звучен трансфер. Од Торино, во Менхенгладбах, испратиле понуда за Денис Закарија.
Масимилијано Алегри сака да го засили редот за врска, бидејќи далеку од вистинската форма се Дејан Кулушевски, Артур и Родриго Бентакур. Изборот на клубот е швајцарскиот репрезентативец, за кого сериозен интерес покажуваат Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.
Договорот на Закарија со Борусија истекува за пет месеци. Швајцарецот нема намера да потпише нов. Доколку не замине од Менхенгладбах во наредните два дена Борусија нема да заработи ништо.
Поради тоа Јувентус испратиле понуда од 5.000.000 евра, плус 2.000.000 преку одредени бонуси.
Доколку Борусија ја прифати понудата, за да го регистрира Закарија, Јувентус ќе мора да ослободи место во тимот.
Според медиумите клубот води сериозни преговори со Тотенхем за Бентакур и Кулушевски.