Top Sport

Јувентус ја одби првата понуда на Челси за размената Лукаку – Влаховиќ

Јувентус ја одби првата понуда на Челси за размена на Душан Влаховиќ и Ромелу Лукаку плус 20 милиони евра. „Старата дама“ бара меѓу 30 и 40 милиони евра за да се согласи на зделката.

Двете страни ги продолжуваат разговорите, а надежта е да се постигне компромисна опција во наредните денови.

Двајцата тренери ја одобриле размената на овие играчи и сакаат да го комплетираат трансферот.

Ромелу Лукаку веќе се договорил со италијанскиот тим за договор до летото 2026 година со опција за уште една дополнителна сезона. Се очекува ниту личните услови на Душан Влаховиќ за договор со Челси да не бидат проблем за лондончани.

 

Scroll to Top