Top Sport

Јувентус ја одреди цената за Игуаин, а се знае и можниот купувач!

Аргентинскиот фудбалски напаѓач, Гонзало Игуаин се врати во Јувентус по минатосезонската авантура во Милан, односно во Челси. Сепак, се чини дека ова лето ќе пак го напушти Торино, овојпат засекогаш.

Тренерот на „Старата дама“ Маурицио Сари го гледа Аргентинецот во неговите планови, но Управата на клубот по секоја цена инсистира на продажба, па тој се најде на трансфер листата.

„Калчомеркато“ пишува дека цената која Јуве ја одредил за Игуаин е 30 милиони евра, а се наведува дека Рома е сериозно заинтересирана Аргентинецот да заигра на „Олимпико“ како замена на Един Џеко кој е на излезна врата во клубот.

Игуаин за Јуве одигра 105 мела и постигна 55 гола за две сезони.

Scroll to Top