Андреа Пирло и официјално повеќе не е тренер на Јувентус. Клубот на социјалните мрежи му посака среќа во идната работа на тренерот кој една сезона ја предводеше „старата дама“.
„Пред неколку месеци Пирло, иконата на светскиот фудбал, ја започна својата авантура на клупата на Јувентус. Потребна е храброст да се нафатите на таква работа, потребна е верба во своите квалитети и сето тоа во период во кој имаше илјада проблеми…“, стои во дел од соопштението со кое клубот се прости од тренерот.
Во текстот стои и дека Пирло освоил два трофеи и дека забележач големи победи на „Сан Сиро“ и „Камп Ноу“.
Пирло како тренер на тимот на Јувентус до 23 години, на почетокот на сезоната ја презеде функцијата од Маурицио Сари.
Јувентус во новата сезона ќе го предводи Масимилијано Алегри.
Grazie di tutto, Mister @Pirlo_Official!
— JuventusFC (@juventusfc) May 28, 2021