Top Sport

Јувентус ја „здебелиле“ понудата за Де Лихт

Јувентус решиле да ја зголемат понудата за Матијас Де Лихт, што значи дека трансферот на 19 годишниот Холанѓанец наскоро би можел да биде реализиран.

Ајакс за Де Лихт бараат 75 милиони евра и според „Газета дело Спорт“, Јувентус решиле да ја понудат бараната сума.

Претходно Ајакс одбиле 67 милиони евра.

Инаку, Де Лихт уште пред десет дена ги договорил личните услови со Јувентус. Тој треба да потпише пет годишен договор, а по сезона би заработувал 12 милиони евра.

Scroll to Top