Покрај Интер уште еден италијански тим покажувал интерес за играчот на годината во светот, Лука Модриќ. „Спортмедиасет“ тврди дека во летниот преоден рок Јувентус
е се обиде да го ангажира играчот на Реал Мадрид.
Договорот на Лука Модриќ со Реал истекува наредната година, поради што Јувентус ќе се обидат да го донесат Хрватот во Торино по завршувањето на сезоната.
Исти намери имаат и во Интер, но Италијаните тврдат дека во предност ќе биде Јувентус, бидејќи Реал летово го пријави Интер поради нелегален пристап до играчот.
Исто така адут на Јувентус се и добрите односи со менаџерот Жоге Мендеш, кој ја имаше клучната улога и во трансферот на Кристијано Роналдо.