Top Sport

Французите пресилни за Србија, Данците „тренираа“ против Тунис

Франција и Данска забележаа убедливи победи во последните два натпревари кои се одиграа во саботата на Светското првенство во ракомет. Французите ја декласираа Србија 32:21, а Данците славеа против Тунис 36:22.

Французите против Србија го наплатија вчерашното лошо издание против Бразил во А-групата. Србите, против светските шампиони, добро се држеа до 22 минута кога водеа 9:8, но во наредните 18 минути Французите ја покажа својата моќ и го решија мечот.

За осум минути Франција со серија 7:3, обезбеди предност на полувремето 15:12, а во првите десет минути го реши мечот кога на противниците им дозволи да постигнат само еден гол.

Ремили и Фабрегас со по пет гола беа најефикасни во француските редови, а повторно се истакна и голманот Жерард со 11 одбрани. Србија ја предводеше Радивојевиќ со шест гола.

foto: epa

Данска, која заедно со Германија е домаќин на СП, одработе уште еден лесен тренинг пред вистинските борби на Мундијалот. Данците го растурија Тунис 36:22.

Осум минути им беа потребни на Данците да го решат прашањето на победникот. Имаа предност 7:0, а тунижаните првиот гол го постигнаа по 12 минути игра.

Хансен и Лауге со по седум гола беа најефикасни во победничкиот тим.

Scroll to Top