Top Sport

Јувентус ќе има и тим во Серија Ц

Јувентус ќе биде првиот италијански клуб кој ќе има и „Б-тим“ во професионалниот фудбал, откако беше одобрено У-23 составот на „старата дама“ да се натпреварува во Серија Ц (третата лига) оваа сезона.

Тимот ќе може и да влезе во втората лига, иако ќе му биде забрането да влезе во Серија А. За разлика од Шпанија, каде што ова е честа практика, во италијанскиот фудбал досега не се случило такво нешто.

Поранешниот играч на Фиорентина, Мауро Циронели е тренер на У-23 тимот и нивната сезона ќе почне на 25 август. Покрај Јувентус-Б во Серија Ц се примени и Кавезе и Имолезе, додека се одбиени барањата на тимовите на Прато и Комо.

Scroll to Top