Top Sport

Квалификантите Клижан и Истомин ќе играат за титула во Кицбил

Квалификантите Мартин Клижан од Словачка и Денис Истомин од Узбекистан ќе играат во финалето на турнирот на земја во Кицбил, по импресивниот настап на последниот европски турнир на земја оваа година.

Клижан, кој е 112. на АТП листата мораше да се квалификува за турнирот, но потоа го совлада финалистот од Ролан Гарос, домашниот фаворит Доминик Тим во второто коло, пред во полуфиналето со 7:6(3)/6:3 да го победи младиот Шпанец, Хауме Мунар по час и 41 минута игра.

Истомин пак, успеа со 7:5/6:7(4)/6:4 да го совлада Французинот Никола Жари, кој губи второ полуфинале во низа, откако беше поразен и во Хамбург минатата недела. Сепак, добрите резултати ќе го донесат Жари првпат во топ 50 на АТП листата од понеделник. Истомин оди на трета АТП титула.

Scroll to Top