Гонзало Игуаин во летниот преоден рок сигурно ќе го напушти Јувентус. Годините си го прават своето, а и Аргентинецот е далеку од формата во која беше во Наполи. Примарна цел на цел на клупските челници во летниот преоден рок ќе биде во тимот да донесат напаѓач кој ќе му биде партнер на Кристијано Роналдо.
Челниците на Јувентус Фабио Паратичи и Павел Недвед си поставиле тешка задача, ќе се обидат во Торино да го донесат Хари Кејн.
Еден од најдобрите светски напаѓачи во јуни 2018 година потпиша нов шест годишне договор со Тотенхем, но како сега стојат работите можно е самиот да побара трансфер.
Иако заработува 17 милиони евра по сезона Кејн е свесен дека со Тотенхем не може да освојува трофеи.
Инаку се претпоставува дека Јувентус за неговиот трансфер ќе треба да издвојат помеѓу 150 и 170 милиони евра.
Доколку, на Паратичи и Недвед им пропадне планот со Кејн, втор на листата на желби бил мауро Икарди.