Top Sport

Јувентус ќе влезат во преговори со Гвардиола

Поразот од Верона (2:1) сериозно ги разниша позициите на Маурицио Сари во Јувентус. Тренерот кој дојде на местото на Масимилијано Алегри не успеа да ја унапреди играта на Јувентус. Италијанските медиуми тврдат дека по завршувањето на сезоната Сари сгурно ќе добие отказ.

Јувентус заедно со Интер се лидери на табелата со 54 бода, еден помалку има Лацио на третата позиција. „Ла Република“, вчера објави дека во Јувентус сериозно размислувале да го вратат Алегри кој се уште зема плата од Јувентус.

Во Италија владее мислењето дека Сари нема капацитет да води тим каков што е Јувентус. Денес „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус по завршувањето на сезоната повторно ќе се обидат да го донесат Пеп Гаврдиола во Торино.

Таква намера имаа и минатото лето но Гвардиола ја одбил нивната понуда.

По завршувањето на оваа сезона работите ќе бидат поинакви доколку Гвардиола не ја освои Лигата на шампионите. Трофејот во ова натпреварување би ги задоволил клупските апетити кога веќе титулата во Премиер лигата е загубена.

„Газета дело Спорт“ сликовите објаснува дека Јувентус на Гвардиола ќе му понудат бланко чек само за да ја прифати работата.

Scroll to Top