Top Sport

Јувентус, конечно, го комплетираа трансферот на Кајо Жорже

Јувентус, конечно, го презентираа младиот Кајо Жорже за нов фудбалер, комплетирајќи го трансферот од Сантош, по што 19-годишниот Бразилец потпиша договор до јуни 2026 година.

Жорже го комплетираше медицинскиот тест уште пред две недели, но мораше да се врати во Бразил за да се заврши бирократската процедура. Тој имаше договор со Сантош до декември 2021 година и Јуве го комплетираа трансферот за 3 милиони евра и покрај интересот на Милан.

Сантош добива и 5 отсто од било кој иден трансфер на Жорже. Тој дебитираше за Сантош на само 16 години и 249 дена, а со бразилската У-17 репрезентација стана светски шампион во 2019 како најдобар стрелец со пет постигнати гола.

Scroll to Top