Top Sport

Вулфс сакаат и десетти Португалец во тимот – 25 милиони евра за Гуедеш

Вулверхемптон се подготвени да дадат понуда од 25 до 30 милиони евра за португалското крило на Валенсија, Гонсало Гуедеш, еден од најдобрите фудбалери на „лилјаците“, тврди порталот „Гол“.

Валенсија не сака да го продаде Португалецот, но како и повеќето фудбалски тимови се наоѓа во финансиска криза, а газдата Петер Лим има добри односи со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш и трансферот е реален.

Мендеш го донесе Гуедеш во Валенсија во 2017 година, првично на позајмица од ПСЖ, пред да се комплетира трансферот за 40 милиони евра во 2018, со што тој стана најскапото засилување на Валенсија во историјата.

Тој има 23 гола во 137 настапи за Валенсија, а беше дел и од португалската репрезентација на СП во 2018 и ЕП ова лето. Вулверхемптон во моментов има девет сонародници на Гуедеш во тимот, а менаџер на тимот е поранешниот прв човек на Бенфика, Бруно Лаге.

Scroll to Top