Top Sport

Јувентус му го продолжи договорот на Матуиди

Еден од тројцата фудбалери на Јувентус кои се позитивни на коронавирусот, Блез Матуиди, го продолжил договорот со „старата дама“.

Договорот на францускиот репрезентативец со Јувентус имаше важност до јуни оваа година. Челниците на клубот ја искористилеле опцијата автоматски да му го продолжат договорот на Матуиди на уште една година.

Матуиди пред три години во Јувентус пристигна од Пари Сен Жермен за сума од 25 милиони евра. Оваа сезона одиграл 33 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top