Top Sport

Јувентус му го „украде“ Божикот на Манџукиќ

Никој во Јувентус не знае каде е Марио Манџукиќ. Италијанските медиуми тврдат дека поранешниот хрватски репрезентативец го напуштил Торино и го чека јануарскиот преоден рок.

Манџукиќ, пет години беше миленик на навивачите и на тренерот Масимилијано Алегри. Минатата сезона ја доби честа и да ја носи капитенската лента, која на теренот го немаше Џорџо Кјелини. Во финишот на сезоната го продолжи договорот, доби годишна плата од пест милиони евра.

Неговиот статус драматично се смени со доаѓањето на Маурицио Сари. Во летниот преоден рок тој одби неколку понуди со надеж дека ќе успее да се наметне кај новиот тренер, меѓутоа дека во клубот повеќе не сметаат на негвите услуги му стана јасно кога Сари не го пријави за натпреварите во Лигата на шампионите.

Подоцна Сари уште повеќе го деградира кога му забрани да тренира со првиот тим.

Врв на понижувањето на човекот што гинеше на теренот се случи пред неколку дена. Манџукиќ не добил покана од претседателот на клубот да присуствува на Божикната забава, на која биле поканети 600 гости.

Scroll to Top