Top Sport

Мело сака да го пензионира дресот на Јокиќ

Кармело Ентони изминатата ноќ одигра уште еден натпревар против Денвер Нагетс, екипа во која ја почна својата НБА кариера. Мело беше трет пик на Денвер на драфтот во 2003 година.

Мело сега е играч на Потланд Трејлблејзерс. Против Денвер, во поразот 114:99, тој забележа 20 поени и девет скока.

По мечот тој иницирал една интересна дебата која е поврзана со бројот 15.

Овој број Мело го носел во Денвер во периодот од 2003 до 2011 година, а сега тој број му припаѓа на новиот лидер на Денвер, Никола Јокиќ.

Мело смета дека Деневер Нагетс треба да го пензионираат бројот што го носел тој како играч на екипата од Колорадо.

„Искрено, тој број овде (во Денвер) би требало да биде пензиониран. Историјата е таму каде што се започнало. Да се разбереме ова е мое мислење. Но бројот 15 сега е кај Јокиќ. Ќе видиме“, рекол Кармело Ентони.

За осум години во Денвер, Мело во просек бележел по 24,8 поени и 6,3 скока по натпревар.

Scroll to Top