Top Sport

Јувентус му нуди на Влаховиќ нов договор

Душан Влаховиќ остана во Јувентус и покрај тоа што медиумите тврдеа дека тој ќе го напушти клубит во летниот преоден рок. Најчесто го поврзуваа со Челси, односно како дел од трампата за Ромелу Лукаку.

Преодниот рок заврши, Влаховиќ остана во Јувентус и добро влезе во новата сезона. Во првите три рунди постигна два гола и забележа една асистенција.

Италијанските медиуми, во понеделникот, објавија дека Јувентус сака да го продолжи договорот со Влаховиќ. Актуелниот му истекува во 2026 година, а челниците на клубот му понудиле нов до 2027 година.

Претпоставката е дека еден од мотивите е амортизацијата на трошоците, таканареченото растегнување на платата на подолг период за да се „испеглаат“ финансиските книги и да се избегнат конфликти со УЕФА.

Медумите на Апенинскиот полуостров засега не наведуваат дали и што би му донело конкретното продолжување на договорот на напаѓачот на српската репрезентација (во финансиска смисла), се наведува само дека според актуелниот договор, неговата плата се зголемува секоја година. Во последната година од договорот неговата плата ќе изнесува 12.500.000 евра.

Според италијанските медиуми, претставниците на Влаховиќ не ја исклучиле можноста да седнат на маса со челниците на „Старата дама“ и да ги слушнат нивните предлози.

Scroll to Top