Јувентус во зимскиот преоден рок ќе ја засили одбраната. Според некои италијански медиуми, цел на „страта дама“ е играчот на Ајнтрахт од Франкфурт, Еван Ендика (23).
Станува збор за силен француски интернационалец кој долго време е на мета на Милан. Германците беа тешки преговарачи, бидејќи веруваа дека Ендика ќе го продолжи договор. За Ендика Ајнтрахт од Милан бараше 35.000.000 евра.
Јуве ќе игра на картата дека за неколку месеци неговата цена ќе биде значително помала, бидејќи ќе влее во последните шест месеци од договорот.
Според „Трансфермакт“, центата на Ендика изнесува 32.000.000 евра.
Еван Ендика игра со левата нога, најдобро се снаоѓа во формација со уште двајца колеги во последната линија. Го карактеризира одлична игра со глава. Затоа, не е чудно што постигна десет гола за Ајнтрахт и постави уште толку голови на 150 натпревари. По потреба може да ја покрие и позицијата лев бек.
Ендика пристигна во Франкфурт како 18. годишник од Оксер за 5.500.000 евра.