Top Sport

Јувентус не е на продажба

Компанијата Ексор, сопственик на Јувентус, ги демантираше гласините за можна продажба на тој фудбалски клуб.

Оваа компанија го објави ова само неколку часа откако некои италијански медиуми објавија дека извршниот директор на Eксор, Џон Елкан бара купувачи заинтересирани да купат мнозински акции во клубот за најмалку 1,5 милијарди евра.

„Хипотезата што ја објавија медиумите за продажба на Јувентус е целосно неоснована“, соопштија од компанијата, пренесоа италијанските медиуми.

Ова не е прв пат Eксор да ги демантира информациите за можна продажба на клубот. Истото се случи лани во мај кога Ројтерс објави дека сопствениците на Јувентус бараат потенцијален малцински купувач.

Scroll to Top