Фудбалскиот клуб Јувентус, по завршувањето на сезоната има намера да го засили тимот со Арон Ремзи, кој тогаш ќе биде слободен играч. како што пренесе „Скај Италија“, Јувентус е во подобра позиција од интер за да го обезбеди потписот на 27-годишниот фудбалер.
Договорот на Ремзи со Арсенал истекува во 2019 година, поради што фудбалерот од 1.јануари може да преговара со заинтересираните клубови. Истиот извор, уште пред два месеци објави дека Ремзи ќе замине од клубот бидејќи челниците решиле да не го продолжат договорот со него.
Фудбалерот, тогаш бил незадоволен, бидејќи никој не му објаснил зошто клубот одеднаш се повлекол од повеќе-месечните преговори.
Рамзи во кариерата има одиграно 350 натпревари за Арсенал, на кои постигнал 59 гола.
Со клубот има освоено три трофеи во ФА купот (2014, 2015, 2017).