Top Sport

Јувентус нема да го откупат договорот на Мората

Јувентус нема да го откупи од Атлетико Мадрид договорот на Алваро Мората. Шпанецот, оваа сезона има добра статистика, одиграл 35 натпревари, постигнал 16 голови и забележал 12 асистенции.

„Диарио Ас“, тврди, дека и покрај добрата статистика во Јувентус не биле задоволни од она што го добиле од Мората во текот на сезоната.

Јувентус за позајмицата на Мората платија 10 милиони евра, а доколку по истиот принцип сакаат да го задржат и наредната сезона ќе мора да ја уплатата истата сума. Во случај да се решат да го откупат договорот на фудбалерот од Атлетико, тоа ќе ги чини 35 милиони евра.

Според овој извор, челниците на Јувентус процениле дека Мората нема да им биде потребен во наредната сезона и дека фудбалерот ќе се врати во Мадрид.

Scroll to Top