Италијанскиот репрезентативец, Мануел Локатели (23), од наредната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, тврди специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Локатели кариерата ја започнал во младинскиот погон на Аталанта, перидот од 2016 до 2019 година го минал во Милан. Целосна афирмација стекна во изминатите две сезони во Сасуоло.
„Гол“, тврди дека Јувентус за Локатели ќе платата 40 милиони евра, иако на „Трансфермаркт“ е проценет на 35 милиони евра.
Покрај парите, Јувентус во Сасуоло ќе испрати и двајца фудбалери. Според „Гол“, тоа ќе бидат Џанлука Фработа и Николо Фаџиоли.