Top Sport

Јувентус одбиле уште една богата понуда за Кијеза

Јувентус одбиле уште една богата понуда за Федерико Кијеза. Крилниот напаѓач блескаше на Европското првенство, со што го привлече вниманието на богатите клубови.

„Ла Република“, објави дека деновиве, Јувентус одбиле понуда на Ливерпул од 100 милиони евра. Слична понуда, во текот на ЕП, челниците на Јувенус одбиле и од Челси.

Федерико Кијеза, минатото лето го засили Јувентус. Во својата деби сезона во дресот на „старата дама“, одигра 30 натпревари во Серија А, постигна осум гола.

Scroll to Top