Top Sport

Јувентус останува без ЛШ? Наместо 15, ќе загуби 9 поени

Италијанските медиуми се сигурни дека казната со поени ќе се врати за Јувентус, но наместо 15, ќе им бидат одземени 9 поени, што сепак, ќе значи испаѓање од местото кое води во Лиата на шампиони.

Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ), каде што Јувентус се жалеше за првичната казна од 15 поени во февруари за вештачко зголемување на вредноста на трансфереите за да се подобри економската положба на клубот, денеска се јави со соопштение во кое вели дека обвинувањата од членот 4 на спортските правила останува, а тој се однесува за ферплеј и нарушување на спортскиот праведен систем, што пак, дополнително значи дека им следува казна со поени.

Најверојатниот развој на настаните е да се испочитува првичната препорака од обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Џузепе Кине, кој бараше казна од 9 поени.

Ова ќе значи дека во моментов, Јувентус ќе падне од второто место на 66 поени на шестото со 57. Милан ќе се искачи на четвртото место со 61, пред Аталанта и Рома со 58.

Scroll to Top