Top Sport

Јувентус планира да го врати Кристијан Ромеро

Јувентус размислува за трансфер на дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Клубот од Торино треба да ја освежи одбраната и се насочи кон Аргентинецот, чии права ги имаше до пред извесно време.

„Старата дама“ сериозно размислува за подмладување на одбраната за новата сезона, бидејќи Леонардо Бонучи веќе има 36 години и очигледно веќе не е на претходно ниво.

Клубот е подготвен да се раздели со Алекс Сандро, па дури и со Глисон Бремер за добра понуда. Токму поради оваа причина, Масимилијано Алегри е подготвен да го врати аргентинскиот дефанзивец, кој покажа сериозен напредок по неговиот трансфер во Тотенхем.

Ромеро (25) беше купен од Јувентус во 2019 година, но никогаш не доби шанса во тимот од Торино и по неколку позајмици, Аталанта ги откупи неговите права и потоа го продаде на Тотенхем.

Досега Ромеро има 64 натпревари, еден гол и една асистенција за Тотенхем. Тој исто така настапуваше за Аргентина на Светското првенство во Катар.

 

Scroll to Top