Top Sport

Пеп со брутална „боцка“ кон Лукаку

Менаџерот на Манчестер сити имаше брутален коментар кон напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, зборувајќи за победата во Лигата на шампионите за шпанскиот весник „Марка“.

Сити го добија финалето во Истанбул на 10 јуни со 1:0 победа со голот на Родри во 68. минута, но Интер беа многу блиску до израмнување, кога по пречката на Федерико Димарко, Лукаку се најде на патот на неговиот удар и спречи израмнување. Подоцна, Робин Госенс нафрли топка, а Лукаку со глава ја упати топката пред голманот Едерсон.

Гвардиола, зборувајќи за својот поранешен клуб Барселона и нивниот тренер, Чави Ернандез, реши да го „боцне“ и Лукаку.

„Дајте му врме на Чави. На Сити им беа потребни осум години за Лигата на шампиони. Станав европски шампион бидејќи напаѓач утна чист удар со главата од три метри“, коментираше Пеп.

Scroll to Top