Top Sport

Јувентус победи во Парма (Видео)

Актуелниот италијански шампион Јувентус, триумфално го мина гостувањето во Парма. На „Енио Тардини“, Јувентус победи со 2:1.

Првиот гол на натпреварот го постигна Марио Манџукуќ по само 120 секунди игра. Домашниот тим успеа да израмни со голот на Жервињо во 33.минута.

Победата на Јувентус му ја обезбеди Блез Матиуди кој го совлада Сепи по асистенцијата на Манџукиќ.

Најголемото засилување за Јувентус во преодниот рок, Кристијано Роналдо и на овој натпревар не успеа да постигне гол.

„Старат дама“ по три одиграни кола има исто толку победи.

Scroll to Top